Апелација ги одби жалбите за случајот „Тендери"

Апелацискиот суд Скопје денеска соопшти дека се одбиени жалбите на СЈО и на обвинетите меѓу кои и поранешната министерка за култура  Елизабета Канческа Милевска и уште две лица за определените мерки за претпазливост изречени од Кривичниот суд во случајот „Тендери“.

Судот соопшти дека се потврдени првостепените решенија на Кривичниот суд со кои се определени мерки за претпазиливост: обврска за обвинетите да се јавуваат во судот и привремено одземање патна исправа и забрана за издавање нова.

Предметот „Тендери“ на СЈО се однесува на набавки поврзани со изградбата на Музејот на ВМРО.

Апелацискиот суд досега ги одби сите поднесени жалби на решенијата на Кривичниот суд во врска со предметите на СЈО.

 

 

 

25.07.2017 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега