Родители внимавајте: После „Синиот кит„ се шири нова морбитна закана по пат на СМС

После играта „Син кит„ која кружеше на Инрернет и ги тераше децата да се самоповредуваат па дури и да се самоубијат, сега по пат на СМС се шират застрашувачки приказни од дете кое праќа говорна порака и вели дека е мртво веќе неколку дена и опишува како го убиле, кој го убил (морбитно и брутално објаснува) и вели дека ако не ја прати пораката најмалку на 15 други броеви, ќе биде убиен на исти начин штом заспие, предупредуваат од психолишкиот центар од Словенија..

-Контролирајте ги пораките коивашите деца ги добиваат, објаснете им дека нема никој да дојде да ги убие , дека целта на тие пораки е само да ги заплашат, и дека тоа не е воопшто смешно изабавно. Овој ланец е морбитен и важно е да се реагира на време и да престанае да се шири- предупредуваат од центарот „Сенсум„

Пред неколку месеци играта „Син кит„ беше регистрирана и во Регионот, и полицијата апелираше, доколку се сојде воконтакт со такво нешто веднаш да се пријави.

 

 

 

 

25.07.2017 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа