„Ако е девојче ќе биде идеално“ - Перо Антиќ оди на трето дете

Познатиот македонски кошаркар Перо Антиќ во разговор за Теа Модерна вели дека со неговата сопруга планираат да имаат повеќе деца. Кошаркарот веќе има два сина, Лука и Павел, но, вели дека би биле пресреќни доколку третото биде женско. 

-Планираме да имаме и трето дете. Сметам дека секој што има можност треба да има што повеќе деца. Нема ништо поубаво од тоа. Ако биде девојче ќе биде идеално, вели Антиќ за Теа Модерна.

 

21.08.2013 - 11:39

најчитано сега