Јакомовска: Нивната департизација на државата всушност е класична и максимална партизација

Марија Јакомовска на денешната панел-дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека таа партија при изборот на кадрите се трудеше да ги избере најквалитетните и најквалификуваните кадри кои согласно своето образование и искуство ќе го дадат својот придонес на конкретната позиција.

Од другата страна го гледаме токму спротивното и гледаме дека на челни позиции, а и на позиции кои се навистина одговорни и високи во државната администрација се поставени партиски одработувачи од предизборието. Сметам дека станува збор за еден класичен дисбаланс на она што претходно беше воспоставени и она што сега се воспоставува, посочи Јакомовска.

Според неа, она што е особено загрижувачки е тоа што не се поминати ниту стотина дена од формирањето на Владата, а веќе ги гледаме нивните начини на делување.

-Токму тие во предизборието говореа дека станува збор за реформска влада. Она што јас го гледам во моментот е класична антиреформска Влада. Од аспект на млад човек кој својот напредок го гледа во Република Македонија би кажала дека мерките кои ние во минатото ги промовиравме во ВМРО-ДПМНЕ се мерки кои донесоа навистина позитивен и долгоречен ефект, вели Јакомовска.

Смета дека од тие мерки СДСМ се плашат или воопшто не ни сакаат да ги употребат бидејќи, како што вели, можеби капацитетот нивен е ограничен во однос на делување на тоа поле.

-Во програмата „Реално“ проектите за млади беа направени на еден многу интересен начин. Унијата на млади сили организираше трибини низ територијата на Република Македонија и им даде до знаење на младите дека сака да ги слушнеме нивните идеи кои сакаат да бидат дел од програмата. Така всушност дојдовме до една бројка на проекти за млади која беше околу 150 проекти, потенцира Јакомовска.

Според неа, владејачката партија треба да се фокусира на вработувањето и отди ако се запостави и се продолжи ваквиот начин на дејствување, ние напротив би имале нестабилна и непросперитетна држава.

-ВМРО-ДПМНЕ со своите мерки се обидуваше да обезбеди квалитетно образование преку кое ќе го подигне македонското образование во однос на европското. Се со цел младите да бидат поконкурентни на пазарот, како во нашата држава, така и во странство. Искрено се надевам дека нивната реторика оти ќе ги вратат младите во државата нема да остане само на збор зашто со овие политики кои ги водат во моментот буквално ќе ги натераат младите да заминат, а не да се вратат. Нивната департизација на државата од политиката е всушност во овој момент значела класична и максимална партизација, истакна Јакомовска.

 

 

 

21.07.2017 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа