Јовановски: Тетово е меѓу најзагадените градови во Светот, а градоначалничката одбива да соработува со локалната самоуправа за решавање на проблемот

Тетово е меѓу најзагадените градови во Светот иако се наоѓа под Шар планина, но поради несвесното и непланското градење нема проветрување и струење на воздухот. Дивоградби има многу, а се уште се градат и по реката Пена, а има дивоградби и во Речица и Шипковица кои за жал беа срушени во поплавите од истиот тој шут кој се носеше во погорните делови од планината, тоа  една опомена од Бога до сите и до нас како локална самоуправа, но мислам дека тоа не го сфати само градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, изјави на денешната Панел дискусија: „ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: Локалната власт – еколошка катастрофа за Тетово“, Горан Јовановски.

-Жалосно е ние во 21 век да имаме голема депонија, депонијата содржи тонови ѓубре, а за ситуацијата алармираат и невладините здруженија кои преку прес конференции апелираат да се отвори дебата за депонијата и ја упатуваат вината кон градоначалничката. Имаме тотална блокада меѓу советот и градоначалникот, работата не е само да се организираат културни лета, да се садат цвеќиња, или да се отвораат манифестации со коктел забави и да не им се прикаже на Тетовци реалната слика за градот. Вистината е тоа дека во депонијата има купишта смет кој се префрла и надвор од тој простор, депонијата јас мислам дека е направена намерно во делот каде што живеат повеќето Македонци, а тоа е смислено од страна на претходниот и сегашниот градоначалник, потенцираше Јовановски.

Тој вели и дека претходно во депонијата имало и два пожари, а на заложбите на советот и на граѓаните градоначалничката остана глува.

 

 

 

 

20.07.2017 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега