Направил сметка над 65.000 денари во македонски хотел, а потоа заминал без да плати

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот А.В. од село Стримница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во периодот од 06 до 21 јуни 2017 година, пријавениот престојувал во хотел на Попова Шапка, каде направил сметка во износ од 65.190 денари. Кога на 21.06.2017 година, сакал да замине од хотелот, се обидел со швајцарска картичка да му плати на рецепционерот за престојот, меѓутоа трансакцијата била неколку пати одбиена, по што пријавениот му рекол на сопственикот на хотелот дека ќе оди до Тетово да земе пари, а како гаранција ќе му ги остави македонската и швајцарската лична карта, на кое истиот се согласил.

За кратко време двајцата тргнале во правец на Тетово и се договориле оштетениот да го чека пријавениот кај “Прима Центар“, при што на сопственикот на хотелот му оставил како гаранција рачен часовник, меѓутоа истиот не се вратил на договореното место, по што случајот бил пријавен во полиција. 

 

 

 

19.07.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега