Ѓоша се видел со пријателот пред смртта: "Уште ме лазат морници од она што го кажа"

Актерот кој почина неодамна, Богољуб Митиќ Ѓоша, пред смртта му вратил пари на пејачот и негов пријател Хасан Дедиќ, на кому му должел 300 евра. Актерот на својот пријател парите му ги дал ден пред смртта, и му рекол "земи ги, кој знае можеби утре ќе умрам".

- Ѓоша пред смртта ми се јави, ме праша дали може да се видиме, да ми врател некој долг. Јас му ги даов парите кога му гореше под нозете, итно му требаа. Ми рече ќе ми ги врати за месец дена, но се јави по четири дена, ден пред неговата смрт, вели пејачот.

Тој се обидел да го убеди да не брза и да не му враќа сега пари, но актерот му рекол "Земи ги брате, можеби утре ќе умрам". Пејачот вели дека оваа реченица уште му одѕвонува во главата.

Инаку, Ѓоша почина во својот дом како последица од срцев удар.

 

 

 

18.07.2017 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега