Египќаните бараат свој ден во Македонија

НВО КОАЛИЦИЈАТА, Светла Иднина 2009, Движењето ОПЕМ, и Форца Египќани, Охрид, ке испратат официјално барање до претседателот на македонското Собрание Трајко Велјаноски, на некоја од наредните седници да се расправа за воведување на Ден на Египќаните во Република Македонија.

-Покрај многуте празници и денови на другите етнички заедници, Египќаните се чувствуваат отфрлено и запоставено во сопствената татковина. Имаме природно и основано легитимно право на свој ден. Ромите го имаат 8 Април, 23 мај Власите, итн, тогаш се поставува прашањето Зошто Египќаните, се иземани од овој процес, и дали тие се поставени во нееднаква положба со останатите етникуми , кои имаат свои денови, на кои ги одбележуваат, како одраз на една објективна стварност,дека тие тука се реалност, на овие простори. Во вакви конотации, мојот народ, е поставен на основите на Дискриминацијата, а тоа не треба да се премолчи, вели овластениот преставник на Египканите за надворешна соработка, Демир Далип.

Далип најави дека и останатите градови ви кои има значителна бројка на Египкани, ке побараат локалните власти да се вклучат во остварувањето на ова право на Македонските Египкани.

20.08.2013 - 16:53
Фото: 
Курир