Температурите одат до 40 степени - нов пеколен бран во Македонија

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието ќе биде поизразен.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 31 до 37 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и потопло, со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура ќе биде во постепен пораст. Во вторник и во среда се очекува температурата да достигне и до 40 степени. 

 

 

 

08.07.2017 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега