Високиот комесаријат на ОН за човекови права ќе праќа набљудувачи во Египет
Високиот комесаријат на ОН за човекови права сака да распореди набљудувачи во Египет, кои ќе извршат оценка на ситуацијата, соопшти портпарол на Комесаријатот во Женева.
Инаку, комесаријатот изрази загриженост од континуираното насилство во Египет и особено од околностите околу смртта во неделата на 36 лица, уапсени од полицијата. Според организацијата овие смртни случаи треба да бидат испитани.
20.08.2013 - 14:37