Металург и Киелце ќе играат уште еднаш

Киелце ќе игра на завршниот турнир во Келн во ракометната Лига на шампионите на 1 и 2 јуни, а за септември планира нова, петта средба годинава со Металург. Полјаците во тој период традицонално организираат турнир со учество на 4 екипи, а понудата веќе стигна на адреса на македонскиот првак.

И лани требаше Металург да им биде гостин, со оглед на одличните односи на двата клуба, но скопјани имаа поинакви планови. Годинава, веројатно, ќе ја прифатат понудата и пак ќе гостуваат во Киелце. Домаќините се надеваат дека ќе учествува и германски Фленсбург, а последниот тим што би играл веројатно ќе биде Висла Плок.

- Ни понудија да играме на нивниот турнир во септември што традиционално им е со добри екипи. Можеме веднаш потоа да одиграме и пријателски меч со Висла Плок, што би дошол по одигрувањето на турнирот. Ако ни се вклопат плановите, веројатно ќе прифатиме гостување во Полска – вели генералниот секретар на Металург, Зоран Цветановски за Курир

Сезонава двете екипи одиграа четири натпревари во рамките на Лигата на шампионите и сите ги доби Киелце. Првите три беа неизвесни со мала разлика во голови, а најубедливи Полјаците беа на последниот дуел, вчера што го добија со 26-15.

ФОТО: РК Металург

најчитано сега