Љубовникот го уценувал сопругот на прилепчанка - објавувал голи фотки од неа
Полицисата станица Прилеп поднесе кривична пријава против 32-годишниот И.Ј. од село Житоше, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за „уцена“. Тој две години бил во љубовна врска со Џ.А. а откако раскинале, продолжил да ја бара на мобилниот телефон со цел да ја обноват врската. Таа одбивала средба, пријавениот на профилите на нејзиниот брат и зет на социјалните мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина. Покрај ова, го уценувал сопругот на Џ.А. дека ќе престане со објавување фотографии ако му даде 1.200 евра. Парите требал да ги уплати на сметка на неговата мајка, додека фотографиите би останале кај него во слуќај да биде пријавен во полиција да ги предаде на друго лице за објавување на социјалните мрежи.
На 14-ти месецов, по даредба на Основен суд Прилеп, бил извршен претрес во куќата на пријавениот, при што со потврда за привремено одземени предмети биле одземени се еден компјутер, мобилен телефон и надворешна меморија со компромитирачки материјали, информира МВР:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа