Македонски филмови на мобил фестивалот во Сан Диего

 

Викендов,  филмовите „Изненадување” на Даниел Трајков и „Cat's Tale” на Михаела Ѓорчева беа дел од Интернационалниот мобил филм фестивал во Сан Диего, Калифорнија, и беа  прикажани во Гросмонт колеџот.

Трајков и Ѓорчева учествуваа на минатогодишното издание на „Мобил фестивал" - македонскиот интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен телефон, посветен на Ратка Илиевска-Лале.

„Мобил фестивал“ соработува со најпознатите светски фестивали од овој вид, а втора година под ред македонски филмови учествуваат на фестивалот во Сан Диего. 

Годинашниот, четврти „Мобил фестивал“ ќе се одржи во ноември, а конкурсот за пријавувањето филмови е отворен во текот на целата година. 

најчитано сега