Нова СМС измама - ако ви стигне ваква порака веднаш бришете ја, не наседнувајте
Мобилните оператори во регионот предупредуваат на лажни СМС пораки кои последниве денови пристигнуваат кај корисниците на сите мрежи.
-„Кога ќе пристигнеш, стави ми 100-200 денари кредит на овој број. Во роаминг сум, немам баш кредит, а ми треба. Утре попладне доаѓам, па се гледаме. Ќе те барам“ - пишува во пораката.
Станува збор за обид за измама, па регионалните мобилни мрежи советуваат секоја ваква порака или порака со слична содржина, веднаш да се пријави.
18.06.2017 - 19:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа