Груевски: Откако ги донесоа на власт, сега планот е да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори

Откако ги донесоа на власт, сега наумиле нов план. Пред да го одработат ветеното за кое знаат дека народот жестоко ќе реагира, планот е да го ослабнат ВМРО–ДПМНЕ, особено во пресрет на локалните избори, и второ, партиски да завладеат со судството и со медиумите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.

-Сето ова, за кога ќе дојде време за реализација на она што го презеле како обврска, ВМРО-ДПМНЕ да е слаба и поделена, судството да ги гони нејзините челници, а медиумите да играат како што СДС ќе свири. Тргнаа на ѓон, и на ѓон еден ден, не така далеку од сега ќе завршат. Да, сега ќе ги галат, ќе им исполнуваат желби, ќе ги величаат, ќе ги претставуваат тоа што не се. Нас исто така ќе не преставуваат тоа што не сме, ама во негативна смисла, за разлика од нив, рече Груевски.

 

 

 

 

18.06.2017 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега