Доделени наградите за најдобрите фотографии на фотоконкурсот на Екологист.мк
Од пристинатите вкупно 86 фотографии во категориите Ѕид на срамот и Куќа на славните, евалуацискиот тим на Екологист.мк ги избра шесте добитниците на вредносни ваучери од 200 евра, по тројца од секоја категорија.
Во „Куќа на славните“, каде што се прикажуваа добри практики во зачувувањето на животната средина, награди добија Горан Панзов за фотографијата од недопрената природа на планината Плачковица, Владимир Поповски за фотографијата самоиницијативноста на бегалците во кампот „Винојуг“ за раззеленување на својот простор, како и Маријола Андонова за фотографијата од Долината на кактусите во селото Клисура кај Демир Капија.
Во категоријата Ѕид на срамот наградите ги добија Александар Г. за фотографијата од скопската котлина потоната во магла, Игор Брзанов за фотографираната еколошка некултура и Јелена Ранчиќ за фотографијата од непокорливата моќ на природата, без оглед колку човекот ја уништува.
Тимот на Екологист.мк им се заблагодарува на сите учесници во фотоконкурсот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа