Десет дена пиеле вода во која се распаѓал леш
Жителите на Загреб пред две недели пријавиле дека водата која ја пијат има многу чуден мирис. Се работи за мало место кое го нарекуваат Јарак, каде водата која ја пиеле жителите имала толку чуден мирис што веднаш била повикана екипа да провери што се случувало, јави Кафе.ба.
И покрај проверките во кои не се нашло ништо, водата и понатаму мирисала многу лошо и жителите повторно се пожалиле. При втората проверка од страна на водоводзиите, тие пронашле машки леш во фаза на распашање во водоводната цевка.
- Згрозени сме и исплашени за своето здравје, велат жителите.
Лешот бил веднаш изваден, а се прават проверки на водата.
19.08.2013 - 10:16
Фото:
Сител