„Одлетавме на две страни, а таа веќе не се помрдна“ - сведоштво на Добрица за жената која ја усмрти гром

59-годишната Милица Јанковиќ од Лесковац загина од удар на гром, откако бегајќи од олујата со сосетката Добрица Милтеновиќ застанала под дрво од слива.

На Добрица од ударот од гром привремено и се вкочаниле нозете, па била згрижена во лесковачката болница.

Во солзи зборуваше за кобниот ден:

-„Ќе ме следи оваа трагедија додека сум жива. Тој ден сите беревме јагоди и кога привршувавме со работата почна да врне дожд. Се засолнивме под една слива. Одеднаш таа одлета на една, а јас на друга страна. Во првиот момент не бев свесна што се случи. Гледав во неа, но таа веќе не мрдаше.“ - зборуваше Добрица.

-„Убаво се согласувавме и се сакавме. Не знам како понатаму без неа.“ - вели сопругот на Милица.

 

 

 

07.06.2017 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега