Предлог – политики за примена на еколошкото истражувачко новинарство

 

 

ЦЕД Флорозон во соработка со Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ во период од 18 месеци го спроведуваа проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ поддржан од Европката Делегација во Скопје. Како дел од своите многубројни активности, проектот утре, на 06.06.2017 год. на својата завршна конференција која ќе се одржи во Скопје ќе направи презентација на предлог – политиките за примена на еколошкото истражувачко новинарство. Целта на овие предлог – политики е да се воведат регулативи и политики кои што ќе овозможат поголема застапенот на темите од областа на животната средина во домашните медиуми, а со тоа ќе се овозможи подобра информираност на македонските граѓани и повисок квалитет на известување. Од проектот произлегоа три предлог – политики кои се адресирани до Агенцијата за аудио и аудио – визуелни медиумски услуги, до Македонската Радио Телевизија и Владата на РМ и тоа : Агенцијата за аудио и аудио – визуелни услуги да утврди начини за поттикнување на медиумите за зголемување на присуството на темите од областа на животната средина во своите програмски шеми. Ова подразбира агенцијата да ги испита и истражи можностите за поттик на радиодифузерите да емитуваат повеќе еколошки содржини во рамки на своите законски надлежности со цел поголема информираност на широката популација. Македонската радио телевизија како јавен радиодифузен сервис да ја зголеми застапеноста на содржините од областа на животната средина во својата програмска шема, со особен акцент на воведување на посебни прогремски делови кои што би биле посветни на истражувачкото новинарство од областа на животната средина. Владата преку Министерството за информатичко општество и јавна администрација да го вметне информирањето и едукацијата од областа на животната средина како дополнителен критериум за доделување средства како надомест за производство на домашна програма, односно во нејзиното финансирање да се воведе застапеноста на содржините од животната средина како содржински критериум во одлучувањето, дури и кога станува збор за програми кои обработуваат други теми. Мониторингот спроведен за потребите на овој проект покажа дека еколошките содржини зафаќаат помеѓу 0,5 % и 3 % од вкупните содржини во медиумите, пресметано како процент од просторот во печатените и времето во електронските медиуми. Проектот се залага за надминување на ваквата состојба во насока на поголема застапеност на овие теми во македонските медиуми.

 

 

 

05.06.2017 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега