Сопругот на Јелена за прв пат искрено по смртта - ги откри сите тајни

Една година по смртта на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, нејзиниот сопруг даде искрено интервју за Хепи Телевизија, со оглед на тоа дека многу пати беше обвинуван и беше на тапет на медиумите.

- Весниците пишуваа се што им падна на памет. Ја вмешаа Рада, вмешаа пораки. Таа мене ми пишуваше, а потоа ја дознав вистината. Изјавуваше дека мајка ми треба да се запали. Јас ја барав, но не ја најдов, вели тој.

Вели дека во односот со Јелена се било како што треба и дека љубовта меѓу нив никогаш не исчезнала.

- Јас ја сакав Јелена, немавме проблеми. Сега фокусот ми е на детето. Тоа ми е најважно, вели Зоран и додава дека Јелена била професионалец и дека последниот период пред смртта нејзина желба била да се врати на сцената.

Вели дека се надева дека правдата ќе го дочека убиецот кој уште е на слобода.

 

 

 

06.06.2017 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега