Регионот во шок: Зад убиството на 3-годишното дете се крие уште помрачна тајна

Тригодишниот Денис, државјанин на БИХ кој беше убиен во Пула, го зави цел регион во црно. Според најновите детали од убиството, приказната добива уште поцрни размери.

Кога малолетната мајка која е осомничена дека си го убила синот Денис побегнала од Домот за деца каде била сместена, полицијата била информирана за тоа. Исто така, биле предупредени и дека девојчето е проблематично. Пред убиството направиле рација во познато кафуле, каде се собирале и малолетници од домот и елита и политичари. Иако нема конкретни докази, во Пула е јавна тајна дека има мрежа на проституција во која се вовлечени и малолетници. Полицијата била предупедена дека девојчињата од Домот се активни и на социјалните мрежи, пишува Аваз.

Социолозите велат, Домот е темперана бомба и може да експлодира секој момент, односно може да има нова жртва.

За потсетување полицијата ја сомничи малолетничката и 32-годишна жена за убиството на бебето. Десет дена пред убиството малолетничката пријавила силување. Потоа рекла дека се измислила. 32-годишната жена изјавила дека малолетничката и помагала да го чува детето. Потоа двете се решиле да го „смират".

Детето беше пронајдено мртво на клупа.

 

 

 

 

 

05.06.2017 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега