„Погледнете, на патот има само нејзина крв“ - Плачот на дедото на настраданото девојче го крши срцето

Седумнаесетмесечната Александра Марковиќ од село кај Шабац загина пред семејкната куќа, откако на неа налетал со автомобил 67-годишниот сосед Мирослав. П.

Тој се правдал дека иако ја видел, мислел дека е куче, па за да не му се превртат гајбите цреши одлучил да не кочи.

Зоран Марковиќ, дедо на настраданото девојче во солзи зборуваше дека Александра отишла со нејзината баба да го фрлат отпадот.

-„Во тој момент соседот налета и ја покоси. Ја влечел 50 метри по патот така вплеткана во гумите. Воопшто не закочил. Погледнете го патот, има само нејзина крв, се гледаат и згмечените јагоди кои и испаднале од рачињата. Да не отидев во болница со внука ми, јас ќе му пресудев за тоа што го стори.“ - зборуваше низ солзи Зоран.

И покрај силниот удар малата Александра давала знаци на живот. Но, за жал, набрзо откако бил апренесена во болница, им подлегнала на повредите.

 

 

 

03.06.2017 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега