Беснее зад решетки - Ѕверот се заканува на Марија и децата зад решетки

Марија Феризовиќ (22), беше жртва на незапаметено злоставување и тортура поради невенчаниот сопруг на Ахмет Маринковиќ (41) и е уплашена за својата безбедност и безбедноста на своите деца затоа што слушнала дека монструмот во затворот на големо ја подготвува својата одмазда.

Феризовичка вели дека досега стигнаа кај нејзе приказните за тоа како Ахмет во Централниот затвор гласно зборува како ќе се одмазди.

„Не и простил што го пријавила, а особено што за злоставувањето подоцна говорела јавно, како на суд, така и во медиумите. И понатаму беснее по ќелијата кога некој ќе му го спомене нејзиното име“, вели извор на еден белградски медиум.

Несреќната жена која ни по осум месеци не се опоравила во целост од монструозното насилие, вели дека нејзините стравови се оправдани.

„Тој е подготвен да направи се, особено затоа што мене ме криви што во Србија претставува симбол на насилник. Не знам колку се точни тие приказни, но многу сум загрижена. Се плашам за себе си и за децата и би сакал да ме сместат во безбедносен дом“, вели Марија.

Да потсетиме, Ахмет, ја злоставувал Марија два дена во изнајмениот стан во Калуџерици, во кој живее со тројца малолетни деца.

Printskrin: TV Pink

 

„Подготвил реквизити за мачење, меѓу кои беа и летви со ексер, ножици, жилет, цевка, со која ме жигосуваше… Бараше од мене да му признаам дека бев со синот на газдата или во спротивно ќе ме убие. Му признав затоа што бев преплашена. На крајот ме натера да го јадам неговиот и бебешкиот измет“, раскажа девојката за страшните злоставувања.

Поради повредите кои ги претрпе Марија Феризовиќ, таа мораше да биде оперирана во Клиничкиот центар, а лекарите востановиле дека имала бројни стари скршеници, од претходните удари.

Маринковиќ во март оваа година е осуден на 39 месеци затвор.

 

Foto: Privatna arhiva

 

За време на судската постапка која е водена против него Ахмет Маринковиќ негираше дека ја злоставувал сопругата по наводните за обвинение. Тој тврдел дека таа самата себе си си ја избричила главата.

„Кога тој ден излегов од куќата, Марија не беше ишишана, ниту изгледаше како на сликата која обвиниетлот му ја покажал. Имала само модрица на образот, и изгореница на челото. Повредата можела да си ја нанесе самата на себе“, вели тој.

 

 

 

02.06.2017 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега