Паднаа ликвидатори од подземјето - ова се убиствата кои ги направиле

Во филмска акција на српската полиција вчера во ресторан во Нов Белград уапсени се 10 припадници на црногорскиот „шкаљарски клан“, познат по бројните убиства и продавање на дрога во Црна Гора и Србија.

За оваа група се врзуваат бројни ликвидации на луѓе од српското и црногорското подземје. Тие се едни од виновниците за „исчезнувањето“ на 300 килограми кокаин во Валенсија.

Оваа криминална организација важи за навистина моќна во регионот, а минатата година во нивните меѓусебни пресметки се ликвидирани 8 лица, а 4 се тешко ранети.

Во нивните пресметки се убиени блиски роднини и кумот на Милош Џ. Неговиот братучед е убиен од снајперист во 2015 година, а неговиот роден брат и убиен минатата година.

Овие кланови, како што пишуваат медиумите, тесно се поврзани со српските кринималци, но тоа никогаш не е до крај расплетено.

 

 

 

02.06.2017 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега