Крвава ноќ - момче претепано во центарот на градот, без свест го пронашле во локва крв

24- годишниот Милош Дракулиќ од Ваљево тешко е претепан вчера и во моментов се наоѓа на одделението за неврохирургија каде што бил итно опериран.

Според зборовите на неговиот брат Стефан, тој излегол со пријателите и по кратка прошетка се упатиле во гимназијата, каде што имало журка. Потоа, заедно со друштвото се упатиле во град, а по некое време се разделиле и никој не знае што се случило со него. 

Претепаното момче, крваво и без свест го пронашла случајна минувачка, која повикала Брза помош, но Брзата помош телото на Милош го пронашла на друга локација. Според зборовите на брат му во меѓувреме некој го преместил телото на Милош и тоа во неосветлен дел од улицата.

 

 

 

31.05.2017 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега