Конечно - Инстаграм со нова опција

Instagram беше позната по тоа што со години не дозволуваше линкови во апликацијата, освен во делот за биографија на корисникот (што доведе до феноменот “link in bio”).

Но се чини дека познатата апликација конечно попушта, барем делумно, во директните пораки.

Со новиот апдејт корисниците може да споделуваат линкови во директни пораки, соопшти вчера компанијата.

Сега корисниците ќе може да споделуваат и гледаат линкови до вебстраници и да линкуваат телефонски броеви и адреси во DM.

Instagram исто така воведе поддршка за форматите landscape и portrait во директни пораки, па немора веќе да ги кропирате фотките пред да ги пратите.

Апдејтите се достапни за корисниците на iOS уреди, а оние на Android ќе почекаат малку.

 

 

 

26.05.2017 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега