Заедничка вежба на АРМ и Црвен крст

Армијата на Република Македонија и Црвениот крст на РМ денеска на воениот стадион во градски парк во Скопје ќе реализираат заедничка вежбовна активност  на која ќе бидат претставени постапки за спасување животи при кризни состојби.

На свеченоста ќе присуствуваат претставници на АРМ, Црвениот крст на РМ и на цивилните здравствени организации.

- Вежбата е во рамки на активностите за одбележување  25 години од постоењето и долгогодишната одлична соработка со Црвениот крст на Република Македонија, соопшти канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на АРМ.

 

 

 

26.05.2017 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега