ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш приоритет ни биле евро-атланските интеграции

Стратешкиот приоритет на ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил и ќе биде евро-атлантскиот процес и членувањето на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ изминативе години напорно работеше за да ја придвижи Македонија кон евро-атланското семејство и резултатите се евидентни.

Благодарение на напорното и посветено работење на ВМРО-ДПМНЕ, воведена е визната либерализација и граѓаните можат да патуваат без визи.

Република Македонија во изминатите години доби осум позитивни препораки за отпочнување преговори со Европската Унија, исполнувајќи ги сите услови за членување. Причината зошто сеуште не се отпочнати преговорите им е добро позната на граѓаните.

Македонските одбранбени сили активно учествуваат во сите мировни мисии на НАТО, каде што се докажуваат во најдобро светло, рамо до рамо со светските воени сили.

За жал, единствено што паметиме на надворешен план од СДС е ветувањето за виткањето на кичмата, промена на името на нашата држава, како и прифаќање на Платформа на друга држава за редефинирање на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ како до сега, така и во иднина ќе биде насочена на курсот на патот за евро-атланските интеграции“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

25.05.2017 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега