Еве кој беше бомбашот во Манчестер

Бомбашот-самоубиец од Манчестер Арената, Салман Абеди според разузнавачките агенции бил поврзан со Ал Каеда и Исламска држава и тоа во татковината на неговите родители, Либија. Тие избегале од режимот на Моамер Гадафи и така се преселиле во Британија. 

Салман кој имал 22 години, им бил познат на безбедносните служби, а се претпоставува дека се вратил од Либија изминатава недела. 

Негов пријател од училиште, како што објави Тајмс, тој заминал за Либија пред три недели и се вратил неодамна, пред неколку дена. 

Абеди бил роден и растел во Манчестер. Тој станал радикален неодамна. Не е до крај јасно кога се поклонил во локалната џамија, за која во минатото се зборувало дека во неа се собирање пари за џихадистите. Роден е во 1994 година и е вториот најмлад од четирите деца. 

Постариот брат на Салман се вика Исмаил, кој бил тутор во верско училиште. 

Мајка му на Салман, Самиа Табал (50) и татко му Рамадан Абеди, вработен во обезбедување, се родени во Триполи, но емигрирале во Лондон пред да се преселат во Манчестер, каде што живеат последнава деценија. 

Салман одел во локалното училиште, а студирал на Универзитетот Салфорд, на насоката бизнис менаџмент. Потоа ги напуштил студиите. Неговите патувања во Либија, каде што се смета дека неговите родители се вратиле во 2011 година, по соборувањето на Гадафи, сега се предмет на надзор, вклучувајќи ги и врските со џихадистите. 

 

 

 

24.05.2017 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега