Непречено гласање во Струга и Вевчани

 

Во општините Струга и Вевчани сите избирачки места се отворени навреме, точно во 7 часот и гласањето за парламентарните и вториот круг од претседателските избори тече нормално, информираат за МИА претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска.

– На територија на општина Струга сите 101 избирачко место се отворени на време и процесот на гласање тече нормално, изјави Жута.

Гласањето почнало на време и се било во најдобар ред и на трите избирачки места во Вевчани, каде право на глас во единствениот избирачки список имаат 2.072 лица.

Во Струга и струшко вчера во домашни услови гласале 267 болни и изнемоштени лица за вториот круг од претседателските избори и 281 за парламентарните, додека во Вевчани деветмина го оствариле гласачкото право за избор на претседател на државата и за пратеници.

08.05.2024 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега