Алфано: Се надеваме на скоро формирање влада посветена на реформите

 

 

Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Анџелино Алфано ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за доделување на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев и смета дека тоа е важен чекор за решавање на политичката криза. Очекува наскоро формирање влада.  

- Ја ценам одлуката на претседателот  Ѓорге Иванов, да му го довери мандатот за формирање на новата извршна власт на Зоран Заев. Се работи за важен обид кој има за цел решавање на сегашната, тешка политичка криза. Се надеваме дека во Скопје наскоро ќе се формира нова влада поддржана од страна на парламентарното мнозинство и посветена на донесувањето на суштинските внатрешни реформи за брзо обновување на европскиот и евро-атлатнскиот пат на земјата. Во овој контекст, земјата ќе може да продолжи да смета на поддршката од Италија, која е актуелен претседавач на Процесот на Западен Балкан, вели во писмената изјава италијанскиот минитер за надворешни работи.

 

 

 

19.05.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега