САД очекуваат да соработуваат со новата влада
Амбасадата на САД во Македонија го поздрави доделувањето на мандатот за формирање нова Влада на Зоран Заев.
- За Македонија и за луѓето во Македонија е добро што формирањето на влада влегува во нова фаза и дека наскоро ќе се формира нова влада. Важно е да се знае и дека претседателот Иванов и лидерите на партиите од коалицијата на мнозинството најдоа начин да соработуваат на конструктивен начин за доброто на македонските граѓани. Очекуваме да соработуваме со новата Влада штом се формира, се надеваме дека тоа ќе биде брзо. Пред Македонија, претстои многу работа на итните реформи за да може да напредува забрзано во евроатлантската заедница. САД остануваат пријатели и партнери со Македонија и очекуваме да соработуваме со новата влада, за да ја поддржиме во тие реформи и прогресот, стои во изјавата објавена на веб страницата на Амбасадата на САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа