Поранешниот Мото ГП шампион во кома откако доживеа тешка сообраќајна несреќа

Американецот се возел на велосипед покрај брегот во Римини, кога го удрил автомобил. Ставен е во индуцирана кома и се уште не се знаат детали околу неговата состојба.

Поранешниот светски шампион во Мото ГП, 35 годишниот Ники Хејден ставен е во индуцирана кома откако имал тешка сообраќајна несреќа. Го удрил автомобил додека се возел на велосипед во Италија, јавува Би-Би-Си.

Американецот возел велосипед покрај брегот во Римини, откако минатата недела настапи на Светското супербајк првенство. Хејден кој вози за Ред Бул Хонда, е на интензивна нега во Чезена.

Хејден во 2006 ја освои титула во Мото ФП и така го спречи Валентино Роси да ја освои шестата последователна титула.

-Сакаме да се заблагодариме на сите на пораките на поддршка, на брзата реакција на брзата помош и на медицинските услуги, објави Ред Бул Хонда во службеното известување.

-Кога болницата или семејството на Ники ќе издаде службено соопштение за неговата состојба, ќе можеме да објавите подетални информации.

 

 

 

 

18.05.2017 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега