Вугринец се враќа во Македонија

Познатиот ракометар Ренато Вугринец, заедно со неговата партнерка Сања Обрадовиќ ќе отвараат бизнис во Македонија. За почеток тоа е ракометна школа, но понатаму во план е и друг бизнис за кој Ренато сè уште не сака да зборува. Тој моментално е во Белград, каде со партнерката Сања Обрадовиќ, поранешната сопруга на кошаркарот Петар Наумовски, го држат хостелот „Стела ди ноте“, објави Вест.

-Последнава година бев во Израел. Сега веќе заврши сезоната и сум во Белград, отворив спортски хостел, имам многу гости од Македонија. Дали повторно ќе се вратам во Изрел не знам сè уште. Можно е да се вратам уште една сезона и таму да ја завршам мојата ракометарска кариера, таму да се збогувам со професионалниот спорт, но ако тоа не се случи ќе се преселам во Скопје. Јас сум натурализиран Македонец, па заради традиција и патриотизам сакам мојот бизнис да го вложам во Скопје. Освен тоа иако долго време не сум во Македонија, многу деца ми пишуваат и сакаат да се вратам. Тоа ми даде идеја во Скопје да отворам ракометна школа. Имам планови и за друг бизнис, но за тоа суште е рано да се зборува, вели Вугринец.

Прогнозираа краток век, но Ренато и Сања сè уште се во врска.

-Уште сме заедно и ќе бидеме. Ние сме модерен пар и нашата љубов трае и ќе трае. И на двајцата бракот не ни е важен и потписот ништо не ни значи. Хартијата не е важна кога љубовта е во прашање, вели Ренато.

Ренато и Сања летово планираат семејно да заминат на одмор со како што велат, сите нивни шест деца.

 

 

 

18.05.2017 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега