Храброст која не се памети- возачот го изгубил својот живот, за да ги спаси патниците

60- годишниот Синиша Станојевиќ, возач на автобусот Еуролајн, добил инфаркт за време на возењето во Будимпешта, но со последни сили успеал да избегне поголема трагедија, па во сударот со камион се повредени 16 патници, додека еден загинал.

До ваков заклучок се доаѓа поради тоа што Станојевиќ бил искусен возач, па нема друго објаснување поради кое среде бел ден се судрил со камиони кои работеле на патот. Она што е сигурно е дека е вистинска среќа што никој од патниците не настрадал, па се претпоставува дека Станојевиќ успеал да го исконтролира сударот и притоа да се жртвува, бидејќи од силниот удар автобусот е буквално смачкан.

Неговата сопруга Весна верува дека му се слошило за време на возењето иако не бил болен и не земал никакви лекови.

-„Следната година ќе славевме 40 годни од брак и добро се согласувавме, имаме двајца синови, дочекавме пет внучиња. Беше вреден човек, а возач 40 години. Верувам дека добил инфаркт, па затоа дошло до несреќа.“- зборувала ожалостената сопруга.

Подготовките за неговиот погреб не се започнати, бидејќи мораат да поминат најмалку 4 дена за неговото тело да стигне до Србија поради одредени процедури.

 

 

 

16.05.2017 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега