Страотна несреќа: Скопјанец излета со возилото и се заби во столб

Страшна сообраќајна незгода се случила вчера во Скопје кога Пежо излетало од патот и удрило во метален столб.

19 годишниот скопјанец Х.И. управувајќи „Пежо“ излетал од коловозот и удрил во метален столб од светлосна канделабра, а со повреди во несреќата се здобиле и возачот и сопатничката, 42-годишната Т.К.

Кај возачот Х.И. констатирани биле тешки повреди и тој е задржан на понатамошно лекување, додека сопатничката минала со полесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

 

 

 

16.05.2017 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега