Полицијата идентификува уште три лица за настаните во Собранието

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера и завчера презел соодветни мерки и извршил преглед на видео записи во насока на идентификување на останати лица - учесници во настаните на 27 април годинава во Собранието на РМ, кои презеле дејствија кои имаат елементи на сторено кривично дело, соопшти МВР.

- На 13 мај по претходно доставени покани, во просториите на СВР Скопје бил извршен разговор со лицата Д.С. (39) од Скопје и А.Б. (60) од Тетово. По извршениот разговор двете лица се ослободени, а во консултација со јавен обвинител против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението.

Од МВР информираат дека на 13-ти мај во 20:50 часот во полициска станица само се пријавило лицето Н.М. (34) од Скопје, против кое претходно беше поднесена кривична пријавена во врска со настаните во Собранието и за кое беше распишан централен распис. Лицето било задржано во полициска станица по што, вчера во периодот од 01:00 до 01:30 часот, од страна на полициски службеници, а согласно судска наредба, било спроведено до Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје, во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје, како што се наведува во соопштението, и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните што се случија на 27 април годинава во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

 

 

 

15.05.2017 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега