Андонов: Само со упад во системот и антиуставни дејствија Заев може да спроведе реизбор во правосудството

 

Заев најави не само реизбор на судиите, туку и реизбор во правосуството, што веројатно ќе го опфати и обвинителството. Без разлика што ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи вакви состојби на уривање на судството, можно е тоа да биде спроведено со упад во системот и со тоа да се  направат антиуставни дејствија, смета универзитетскиот професор Оливер Андонов за промените во судството кои ги најави лидерот на СДСМ Зоран Заев, и покрај тоа што за вакви промени неопходно е дво-третинско мнозинство.

„Имавме можност да видиме како СДСМ го урива уставот пред очите на граѓаните, а истото беше признаено од неговите западни ментори. Доколку го направи и ова на сила, не би бил изненаден. Би апелирал до Јавното обвинителство да покрене постапки за сите досегашни прекршоци за уривање на Уставот, законикот и деловникот за работа на Собранието, што первентивно ќе влијае кај Заев при понатамошните чекори“, изјави Андонов.

Во прилог, целиот разговор со Андонов.

 

 

 

12.05.2017 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега