Кабинет на Иванов: Тиранската платформа не може да биде основ за формирање на Влада

Иванов останува на ставот дека платоформата на Рама не може да биде основа за формирање на Влада во Македонија. Од кабинетот на Претседателот велат дека го дбиле писмото испратено од Собранието и дека очекуваат, СДСМ да обезбеди гаранции за зајакнувањен а унитарноста на државата.

„Писмото од Собранието на Република Македонија е пристигнато во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, вчера на 09.05.2017 година. Претседателот Иванов очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека: „заедно со коалиционите партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија".

Претседателот Иванов останува на ставот дека танаречената платформа од Тирана, ниту кој било друг документ, акт или дејствие спротивни на Уставот на Република Македонија, не може да биде услов, ниту пак основа за формирање и дејствување на Влада во Република Македонија. Македонскиот претседател,во однос на определување мандат, ќе постапи согласно Уставот и досега воспставената практика.“ - велат од кабеинтот на Иванов.

 

 

 

10.05.2017 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега