Изгоре автомобил на паркинг во Куманово

Вчера во 05 часот и 10 минути на паркинг-просторот пред мотелот во село Проевце, кумановско,  избувнал пожар во патничко моторно возило„Фолксваген Голф“ со албански регистарски ознаки, сопственост и управувано од Р.Х. (26) од Тирана, Република Албанија.

Пожарот настанал неколку минути откако го паркирал возилотот.

Во пожарот возилото целосно изгорело.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

 

 

 

 

 

07.05.2017 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа