Сестри-близначки се искасапиле на „Водњанска“ во Скопје - со тешки повреди пренесени на Клиника

Сестри-близначки вчера рано попладне со тешки повреди завршија на скопските клиники по меѓусебна расправија, која прераснала во крвава тепачка.

Инцидентот се случил околу 13:30 часот во стан на ул.„Водњанска“ во Скопје, каде прво дошло до расправија помеѓу сестрите М.П. и М.П., по што со кујнски ножеви си нанеле по неколку убодни рани една на друга, пренесува „Телма“.

Сестрите се хоспитализирани во Клинички центар, каде кај едната близначка е констатирана тешка телесна повреда, крварење од белодробно крило, а за втората дополнително ќе се произнесат за карактерот на повредите.

 

 

 

06.05.2017 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега