Прегазен пешак во Куманово- итно пренесен на Клиника во Скопје

Вчера околу 14 часот и 15 минути во Куманово, на уллица „Никола Тесла“ се случила сообраќајна незгода во која моторно возило „Голф“ без регистарски ознаки, управувано од 29- годишен Е.М. од Куманово, удрило во пешакот 78- годишен  Б.Т.  од Куманово, кој туркал рачна количка.

Б.Т. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде поради карактерот на повредите како итен случај е препратен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

 

06.05.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега