Годинава Албанија една од омилените дестинации за летување на Македонците

Македонските граѓани и ова лето го запоседнаа албанското крајбрежје. Летниот одмор досега во Албанија го минале околу 40 илјади македонски граѓани.

Најмногу се одлучуваат да летуваат во Драч, но се попривлечни се и Валона, Саранда, Каваја, Шенѓин, па и бисерот на албанскиот брег Химара. Освен етничките Албанци, кои се и најбројни, на одмор во Албанија се почесто заминуваат и Македонците. Најмногу ги има од Дебар, Гостивар,Тетово, Кумано, но и од Битола, Охрид, Скопје...

Дебарчани сепак поради бизината секое лето најбројни се во Шенѓин,  каде што климатските услови се идентични со тие во црногорски Улцињ. Сместено е во близина на градот Лежа, сега со нови хотели, ресторани, кафулиња, пицерии, воопшто не потсетува на некогашното, каде што имаше само едно, и тоа, работничко одморалиште. Од ова лето има и шеталиште долго два километра.

- Веќе три години едноподруго доаѓаме тука. Задоволни сме и од сместувањето, од гостопримството на локалното население, од понудата на пазарот. Водата е богата со јод и е многу лековита, вели Зирака Перовска.

Од граничниот премин Блато, на македонско-албанската граница кај Дебар, Шенѓин е оддалечен 140 километри, дел од патот е со оштетувања, но со завршување на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) оддалеченоста ќе биде намалена, а патувањето поудобно.

ФОТО: Плусинфо

16:21

најчитано сега