Николовски: Насилството не смее да се толерира, ни физичкото, ни политичкото како незаконскиот обид за избор на Претседател на Собранието

Насилството не смее да се толерира. Ни физичкото, ни политичкото! Политичкото насилство е незаконскиот обид за избор на Претседател на Собрание. Надлежните инситуции не смеат да го дозволат ова, неможе силата да го замени правото, Деловникот и Уставот, напиша на својот ФБ профил Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој понатаму пишува дека физичкото го видовме сите, за најостра осуда е! Физичкото насилство нема оправдување, нема ни една причина што може да го оправда. Надлежните институции мора да дејствуваат брзо и да ги изведат пред суд со валидни докази оние кои вчера ги нападнаа пратениците, полицајците, новинарите и граѓаните без разлика кои се. За никогаш повеќе да не се повтори! И не помалку важно, не смее во исти кош да се стават десетици илјади граѓани кои повеќе од 60 дена мирно протестираат загрижени за својата држава и мала група насилници која очигледно нема добри намери кон мирот и стабилноста во Македонија!, пишува тој.

 

 

 

28.04.2017 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега