Билд во Скопје на средба со лидерите - вратата на Иванов затворена за него
Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд кој од вчера е во Скопје, денеска ќе оствари средби со партиските лидери, но не и со шефот на државата Ѓорге Иванов, дознава Пресс24. Од кабинетот на претседателот велат дека во неговата агенда не е предвидена таква средба. Неофицијални извори пак брифираат дека Иванов одбива средба поради како што велат непринципиелните ставови на Билд и обидите за мешање во внатрешните работи на земјата.
Претходно Иванов одби да се сретне и со високите претставници на Европската Унија, Федерика Могерини и Јоханес Хан.
Според засега неофицијални информации Билд ќе оствари средба со највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ како и со раководството на СДСМ. Официјална потврда за неговата агенда нема. Тој вчера на Твитер најави дека патува кон Скопје.
- Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка, наведува Билд, кој е поранешен европски пратеник на Балканот. Карл Билд сега е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа