Една фотографија ќе го чинеше живот - тинејџер итно пренесен на скопските клиники

Поради една  фотографија за малку ќе загинеше 14-годишно момче во  депото на Македонски Железници.

Според информациите на МВР, несреќата се случила во 15.50 часот во Скопје, во депото на Македонски Железници, 14-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. Но, кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон,  бил удрен од струен удар и притоа се здобил со тешки телесни  повреди. Од страна на екипа од Итна медицинска помош малолетникот бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

15.04.2017 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега