45. ден протест: Граѓаните со прашање до Хан и Коцијанчиќ
Богдан Илиевски еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, упати прашање до шефовите на Европската унија, Јоханес Хан и Маја Коцијанчиќ и порача дека не треба да кажуваат дали и кога требало да избере претседател на Собранието.
-Дали во Брисел, дали било каде во Европа и во светот се ослободуваат судени или осудени затоа што припаѓаат на оваа или онаа етничка заедница, тоа треба да го кажат и Коцијанчиќ и Хан, а не да ни даваат ум дека требало претседател да избереме што побрзо, е затоа сме на улица, затоа сме на нашиот пат. Излеговме на нашата патека, кажавме дека нема одење дома, додека не се исполнат нашите барања, 45 дена тоа го потврдуваме и ќе продолжиме се додека Тиранската платформа не е отфрлена и фрлена таму кај што и е местото. Местото не и е во овој парламент, ниту во владата, таму и таму место заслужува само нашата волја искажана на избори, ништо друго, изјави Иливески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа