По милионската кражба се огласи претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка - еве што кажа

По кражбата во банката се огласи претседателот на Управниот одбор на  НЛБ Банка АД Скопје, Антонио Аргир. 

Неговата изјава ја пренесуваме во целост 

„Согласно информациите, кои се проширија во јавноста за истрагата за инцидент настант во НЛБ Банка АД Скопје, она што е најважно е да ве информирам и ве уверам дека сите наши клиенти и колегите вработени на нашата банка се сигурни. Сите средства на нашите клиенти се апсолутно безбедни и клиентите не треба воопшто да се загрижени. Банката ги има превземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности. Во моментот соработуваме целосно и активно со надлежните власти. Соработката е конструктивна и многу професионална, и се надеваме на брз и позитивен исход од истрагата. Како не би го попречувале напредокот на истрагата, во овој момент не би можеле да коментираме повеќе за настаните се до крајот на истата, сепак сите понатамошни информации треба да дојдат од надлежните истражни органи. Уверено можам да изјавам дека, настанот нема влијание на секојдневното тековно работење на Банката и НЛБ Банка АД Скопје ја продолжува својата успешна работа, како креатор на современи и сигурни банкарски услуги за нашите клиенти, истовремено постигнувајќи одлични финансиски резултати, како и досега.“ изјави г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

 

 

 

11.04.2017 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега