Влегол во куќа на скопјанец и излегол оттаму со половина милион денари

Засега непознат крадец ограбил куќа на улицата „Караорман“ во Скопје. 

Како што информираат од полицијата, арамијата, вчера околу 14 часот провалил во куќата на 64 годишниот М.Д.(64), лоцирана на улица „Караорман“. Натрапникот си заминал со 492.000 денари во џеб.

Полицијата работи на откривање на сторителот.

 

најчитано сега