Десет сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје, девет лица повредени

Девет лица се полесно повредени во шест од вкупно 10 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири е причинета материјална штета.

Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 16 возачи  кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај шест возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 72 возила. 

 

 

 

05.04.2017 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега